Тендерски пирамиди на ВМРО во општините: 51 тендер, 16 милиони евра само за една фирма

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нов скандал, нова бомба, за тендерски пирамиди во општините под контрола на ВМРО, каде јавните пари завршуваат кај фирми блиски до партијата.

Фактите се јасни: една иста фирма, „Пирамид билдинг солушнс“, во период од 2022 година до денес има добиено 51 тендер, вредни над 16 милиони евра, исклучиво во општини под контрола на ВМРО.

51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма.

Нема пари за поголема минимална плата, нема пари за поголеми плати и пензии, пари има само тендери.

161 тендер за една фирма, тендери од 9 милиони евра за друга фирма, 1,2 милиони евра тендери за фирма блиска до ЗНАМ, 51 тендер од општини… Толку многу тендери што не можат ни да се избројат.

До кога Јавното обвинителство, Финансиската полиција, ДКСК ќе молчат?

Зошто ништо не преземаат?

За ова мора да има одговорност.

АКТ ќе продолжи да ги објавува сите докази за оваа мрежа на сомнителни тендери и да ја разобличува тендерската пирамида чекор по чекор.

Работата не е завршена.