fbpx

Реформите за подобрување на образованието следуваат по демократските промени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО ДПМНЕ и Спиро Ристовски немаат никаков кредибилитет да зборуваат за реформи во образованието.

По 10 години континуирано уништување на образованието со лоши политики и закони, по фрлени милиони евра за непотребни проекти, експерименти, корупцијата со печатење на учебници, предизвикан стрес кај учениците со несоодветни екстерни тестирања, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот проблем за образованието.

Џабе ВМРО-ДПМНЕ блефира и дава некаков „виртуелен“ отчет откако го уништи образованието.

Сликите како глувци се шетаат низ студентскиот дом Стив Наумов на дело ги покажува „реформите“ што ги направија ВМРО ДПМНЕ и Спиро Ристовски.

Никој не им верува на Спиро Ристовски и ВМРО ДПМНЕ. Ниту студентите, ниту професорите што ВМРО-ДПМНЕ ги излажа дека заедно ќе направат закон за високо образование. Ниту наставниците коишто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги држи во заложништво со екстерното тестирање и академијата за наставници, ниту средношколците, коишто ги понижи.

10 години Груевски и ВМРО ДПМНЕ бараа локација за студентски домови, додека трошеа милиони евра за споменици, врби и фонтани.

Само ВМРО ДПМНЕ и никој друг е крив за катастрофалните состојби во образованието.

Новата влада предводена од СДСМ ќе го укине екстерното тестирање во првите 100 дена од мандатот.

Се обврзуваме за целосна реконструкција на студентските домови, кои ќе прераснат во модерни студентски кампуси.

Ќе има електронски изданија од учебниците и на тој начин ќе бидат подостапни за сите.

Едно е јасно! Промените доаѓаат. Граѓаните даваат огромна поддршка на програмата на СДСМ.

Затоа единствена реформа што ќе го подобри образованието е испраќање на ВМРО ДПМНЕ во историјата.

Скопје, 28.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести