fbpx

СДСМ Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ и Коневски уште еднаш потврдија дека за нив не се важни граѓаните, туку бизнис интересите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо да се носи во транспарентна постапка, нацртот за новиот ДУП за четврт И10 беше спорен уште од самиот почеток, со тоа што беше вметнат како дополнување на дневниот ред.

Кршејќи го повеќе пати Деловникот за работа, предлозите на СДСМ и коалицијата за одложување и симнување на точката од дневен ред беа одбиени од мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе навикнавме на тоа Ивица Коневски деталните урбанистички планови ги гледа како цртеж со кој треба да ги исполни желбите на Груевски.

Револтот на граѓаните од неконтролираното градење е голем, заради веќе предвидените нови 48 згради и изградбата на четирите висококатници, поради кои граѓаните често имаат прекин на снабдувањето со вода.

За Ивица Коневски не се важни граѓаните од Острово и нивните потреби, затоа што за Конески се поважни бизнис интересите, овозможувајќи, на она малку зеленило, кое на тој простор остана, да се изградат згради.

Конески да одговори зошто неговата администрација тврди дека ќе се градат 12 нови згради, наспорти неговото тврдење дека ќе се градат 3?

Граѓаните на Аеродром треба да ја знаат вистината за тоа колку нови згради се кријат во новиот ДУП.

Дополнителен срам се и навредите од партизираната администрација на Коневски којашто заслепена од курирските приказни, ги навредуваше граѓаните и новинарите.

Службеничката од секторот за урбанизам треба да знае дека постојат граѓани кои имаат слободна и критична мисла, за разлика од некои, кои реагираат само на наредби , посебно кога треба да се појават на контра протести. Токму од тие граѓани којшто ги навредува, таа зема плата, за да ги слушне нивните предлози и критики, а не граѓаните да ги слушаат нејзините навреди.

Сеуште нема никакво извинување ниту од општината ниту од Коневски за срамните навреди коишто службеничката од секторот за урбанизам ги упати на граѓаните и новинарите.

Но на медиумите контролирани од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се видат маките на граѓаните.

Затоа се потребни реформи за слободни медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ и Ивица Коневски после 11 години владеење во општината Аеродром целосно изгубија контакт со реалноста.

Токму затоа се потребни промени. А, промените ќе дојдат на следните фер и демократски избори.

 

 

Последни вести