fbpx

Вистинската порака од граѓаните Груевски ќе ја добие на демократски избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ својот страв од вистината го покажуваат секој ден.

Поддршката за СДСМ и лидерот Зоран Заев е се поголема и постојано расте.

Граѓаните бараат промени, Македонија бара промени.

Преку изборни грабежи и злоупотреби на институциите, во изминатите изборни циклуси Никола Груевски ја узурпираше власта.

Срамната одлука на Уставниот суд е најголемо признание за изборниот грабеж.

Не само што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе парите на граѓаните, го краделе и нивниот глас.

Затоа Груевски се плаши од реалноста и од соочување со одговорноста.

Оттука е паниката кај Никола Груевски.

Нелегитимната криминална банда што ја узурпирала власта на криминален начин не може да говори за мислењето на граѓаните.

На Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ им е јасно дека граѓаните ги чекаат демократските промени коишто ќе се случат на следните фер и демократски избори.

На фер избори ќе победи СДСМ, ќе победат граѓаните, ќе победи Македонија.

Тоа е најреалната анкета за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ којашто ќе ја видат на следните фер и деморкатски избори.

Скопје, 23.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести