fbpx

Димитриевски: По промените, заедно ќе ја градиме европска Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на комисијата за одбрана на СДСМ Максим Димитриевски придружуван од членот на Извршниот одбор Дарко Давитковски беа помеѓу граѓаните од населените места Селемли и Стојаково, општина Богданци.

На средбите се разговараше за локалните проблеми, за мерките од програмата на СДСМ и за актуелната политичка состојба.

-Хаосот којшто го создадоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од јасен. Видовте и самите, освен што ги краделе парите од џебот на македонскиот граѓанин, го краделе и вашето право на глас. 330.000-те спорни гласачи во избирачкиот список коишто треба да се проверат, се најдобар доказ за тоа. Никола Груевски се плаши од чист избирачки список, бидејќи на избори со чист список тој ќе изгуби, рече Димитриевски.

Граѓаните масовно го изразија своето незадоволство од владините политики.

Субвенциите кои толку многу ги спомнуваат имаат поинаква реалност. Парите се делат селективно, истото се случи и со оштетите за поплавите. Се чувствуваме како граѓани од втор ред, се пожалија жителите.

-СДСМ ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра а ќе завршуваат кај вистинските земјоделци. Ќе направиме целосна ревизија на земјоделското земјиште и ќе ја вратиме зелената нафта. Развојот на земјоделието е од исклучителна важност за економски просперитет на Македонија, рече Димитриевски.

Прочистување на избирачкиот список и регулација на медиумите се услови за фер и демократски избори. На фер избори победува СДСМ. А по промените заедно, ќе изградиме европска, успешна и просперитетна Македонија, рече Димитриевски.

 

 

 

Последни вести