Соопштение за јавност
Претседателката на Комисијата за земјоделство,шумарство и водостопанство на СДСМ, Татјана Прентовиќ заедно со членот на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми денеска се помеѓу граѓаните на Јегуновце.
Жителите зборуваа за секојдневните проблеми и тешката живеачка во државата. Но, се интересираат и како ќе се обезбеди нивниот слободен глас, за да можат слободно, на демократски избори да гласаат.
-Стотиците илјади сомнителни и фантомски гласачи го потврдија во целост изборниот криминал на Никола Груевски. Не само што ги крадел парите од граѓаните, го крадел и вашиот глас. Затоа, секој што сторил изборна измама треба да одговара. Слободниот глас на граѓаните, демократскиот принцип еден човек-еден глас мора да биде обезбеден. За тоа да се случи, избирачкиот список мора да се прочисти во целост. Мора да имаме слободни избори со прочистен избирачки список и реформи во медиумите. Промените ќе се случат на фер избори, рече Прентовиќ.
Сточарите од овој крај се незадоволни до ниската откупна цена на млекото.
-До кога ќе не залажуваат преку нивните медиуми, нам не ни требаат телевизии за да не лажат туку да ни помогнат, да се чуе нашата мака. Тешка е нашата живеачка, голем дел од луѓето веќе се иселија. Еве некои од нас произведуваме и продаваме млеко ама цената е многу ниска. А никој од власта нема дојдено ниту да не праша како со волку ниска откупната цена на млекото. Си поигруваат со нашиот труд како што сакаат, се пожалија жителите на овој регион.
Пренотовиќ рече дека СДСМ добро ги знае проблемите со коишто се соочуваат граѓаните, но и сточарите, меѓу другото и поради постојаните средби со граѓаните и присуството на теренот.
-Ги знаеме проблемите ги имаме решенијата. Затоа во Програмата на СДСМ предвидуваме откупните цени заеднички да се формираат, во тој процес да учествува и државата и производителите и откупувачите. Парите ќе мора да ви бидат исплатени во рок од 60 дена, инаку државата ќе се вклучи со државна помош а таа потоа ќе решава со откупувачите. Вашиот труд мора да биде вреднуван, и ние тоа ќе го обезбедиме, рече Прентовиќ.