fbpx

Ременски во Кичево: Теренот стана ноќна мора на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателката на СДСМ и министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, придружувана од членот на Извршниот одбор на СДСМ, Аднан Џаферовски денеска е на средби со граѓаните на Кичево.

“Има фантомски гласачи во Кичево. Зошто не дојдат од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да видат кој е реален, а кој е дух. Ама се исплашија, нивните фантоми им станаа ноќна мора“.

Ова се циничните коментари на дел од граѓаните, кои се информирани за илјадиниците спорни и фантомски гласачи. Бараат да се заштити нивното право на глас.

Потпретседателката Ременски им го соопшти одлучниот став на СДСМ дека избори се можни само со исполнување на условите за фер и регуларни избори.

-ДИК потврди дека постои огромен број на спорни гласачи. Над 310.000! СДСМ инсистира на темелна проверка на сомнителните записи во Избирачкиот список, за да може сите фантомски гласачи, недоследности, проблематично внесени податоци да се избришат и на тој начин да се врати довербата на граѓаните во Избирачкиот список, рече Ременски.

Впечатливо во средбите со граѓаните е тоа што постои свесност дека решавањето на нивните лични проблеми зависи од решението на политичката криза.
Кичево е мултиетничко, но проблемите не познаваат националност, вера или каква било друга различност.

“Имам роднини во странство, знаат за нашата сиромаштија и ми пратија малку пари да ми помогнат. Веднаш потоа ми ја укинаа социјалната помош“. Оваа иднивидуална приказна е реалност за повеќемина граѓани кои по овој основ ја изгубиле социјалната помош.

-Точно е, најдовме илјадници вакви случаи во Министерството, макотрпно работиме и успевме да им помогнеме на луѓето, рече Ременски.

Таа додаде промените се почнати и дека на фер избори граѓаните ќе дадат доверба на нова одговорна влада што ќе ја предводи СДСМ, во чиј фокус ќе бидат потребите на граѓаните.

-Не само што нема да ја кратиме социјалната помош туку и ќе ја зголемиме за да можеме граѓаните постепено да ги извлечеме од сиромаштија. Ќе воведеме и државна социјална пензија. Просечната плата ќе ја зголемиме над 29 000 денари. Ова се само некои од мерките во Програмата со коишто ќе го подобриме животот на граѓаните, најавија претставниците на СДСМ Ременски и Џаферовски при денешната посета во Кичево.

 

 

Последни вести