fbpx

Избирачкиот список е полн со стотици илјади спорни и фантомски гласачи, ДИК мора да го прочисти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Избирачкиот список е полн со стотици илјади спорни и фантомски гласачи.

Изборниот криминал на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно потврден.

Без целосно прочистен избирачки список нема фер, демократски и регуларни избори.

Државната изборна комисија со консензус усвои методологија за прочистување на избирачкиот список.

ДИК исто така со консензус усвои извештај во којшто има повеќе од 310.000 сомнителни гласачи.

Апсурдната одлука на ДИК, над 124 илјади сомнителни гласачи воопшто да не се проверуваат, не е во согласност со принципиелната борба што ја води СДСМ за вистината и правдата.

ДИК треба да им ја образложи оваа апсурдна одлука на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски до вчера тврдеа дека ќе поддржат проверка и на 2 милиони гласачи во избирачкиот список и повторно излажаа.

Повеќе од јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, бегаат од целосна теренска проверка на избирачкиот список.

СДСМ инсистира на темелна проверка на сомнителните записи во избирачкиот список, за да може сите фантомски гласачи, недоследности, проблематично внесени податоци да се избришат и на тој начин да се врати довербата на граѓаните во Избирачкиот список.

Овој состав на ДИК не смее да дозволи сомнеж во избирачкиот список и има обврска, согласно законот, целосно да го прочисти.

Граѓаните и Македонија заслужуваат целосно прочистување на избирачкиот список затоа што само со целосно прочистување на избирачкиот список може да има регуларни избори.

Граѓаните ги очекуваат промените на следните фер и демократски избори на коишто ќе победи СДСМ, ќе победат граѓаните, ќе победи Македонија.

Скопје, 20.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести