Соопштение за јавност
Наместо реформи Мицкоски целосно ја презеде ВМРО и се востоличи сам, за сам да владее во партијата како деспот.
Муцунски, Николовски, Мисајловски, Кочовска, сите се остранети, Мицкоски е сам со неговите двајца пријатели за организација на тендери и соработка со служби.
Томовски – со јасна задача „организација“ на тендерите. Како на пример 161 тендер за семејната фирма на Томовски.
Ковачки – од структурите на Сашо Мијалков, поврзан со службите и задолжен очигледно за контакти со руските служби. Човек кој НАТО не го прифати.
Прашање е дали Стоилковиќ добил согласност за НАТО од Ноќните волци?
Тоа е дополнителната енергија и кохезија за која говори Муцунски, за нови тендери и служби.
Дрога од 5 тони, криминални тендери, часовници од 65 илјади евра.
Ова не се реформи. Ова е старата банда во ВМРО сега предводена од Христијан Мадуровски.

