Во ВМРО секогаш, сè се врти само околу еден човек, денеска е тоа Мицкоски – малиот Вучиќ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во ВМРО нема реформи, Мицкоски целосно ја презеде партијата за сам да си владее.

Сите потпретседтаели се остранети, Муцунски, Николовски, Мисајловски, Кочовска. Никој не му треба на Мицкоски.

Во ВМРО секогаш, сè се врти само околу еден човек.

Порано тоа беше Груевски, сега е Мицкоски, се пренесува од колено на колено.

Кога Груевски избега, ја префрли целата партија во рацете на Мицкоски. Кога Мицкоски ќе почне да бега, кога Обвинителството ќе биде слободно и ќе ги отвори случаите за тендерите, за којзнае колку тони дрога… тогаш некој од овие што денес се борат за лидерска позиција во ВМРО ќе го наследи.

Затоа СДСМ се бори да ја врати власта во рацете на граѓаните.

Нам не ни треба лидер, нам ни треба систем. Не ни треба авторитаризам, ни треба Европа.