Соопштение за јавност
11 дена молк од власта. Нема одговор како 5 тони дрога, по некои проценки вредни 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија?
Кој ќе одговара?
Молкот не е случајност туку јасен индикатор дека овој скандал води до врвот на власта и дека некој се обидува да го заташка.
Без поддршка и логистика на структури во власта, во МВР, во Царината и во други институции – ваква шверцерска операција на дрога не била возможна.
Дополнително, последните информации објавени во медиумите во Србија отвораат нови сомнежи.
Медиумите наведуваат дека уапсениот функционер на СНС (сестринска партија на ВМРО) кој се поврзува со откриените 5 тони дрога во Крушевац – Србија, е близок со министерот за одбрана, Братислав Гашиќ.
Доколку овие информации се точни, се отвораат нови прашања.
Дали нарко – скандалот води до Томовски, директор на СОЗР и ново назначен организациски секретар на ВМРО?
Каква е поврзаноста на фирми на роднини на Ивица Томовски?
Јавноста очекува одговори.
А одговорност ќе има, за сите!




