Соопштение за јавност
„Светска атракција“ од Скопје направија ВМРО и Груевски со криминалниот проект Скопје 2014.
Над 700 милиони евра украдени од граѓаните завршија во џебовите на Груевски и кликата во Белата палата.
Сега туристите не доаѓаат да гледаат знаменитости, туку циркус. Фасади од гипс и стиропор кои се распаѓаат, згради кои протекуваат…. Каков проект – таква е и нивната политика. Сè е лажно! Сè се распаѓа. Како и нивните приказни за дефокус од скандалот со дрогата од 5 тони вредна 40 милиони евра.
Наместо најави за „бум во туризмот“ и 5 милиони ноќевања Мицкоски да одговори што е со 5 тони дрога и кој од врвот на власта ќе одговара?

