Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, посочи дека оваа владата не сака членство во ЕУ, а изолацијата се виде во Давос, каде премиерот немаше ниту една средба со светски или европски лидер.
„Факт е дека ништо не се спроведува за да се направат вистински реформи во правосудството. Факт е дека не се прифаќаат препораки од оценската мисија , лани требаше да се донесат 12 нови закони, а се донесе само еден, па и тој го изманипулираа. Факт е дека се поставуваат луѓе коишто се роднини на функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Еве имаме кандидат за уставен судија советник на премиерот. Па, ако тоа не е мешање во правосудството што е? Така да, јасен е начинот на којшто Христијан Мицкоски сака да владее“, рече Филипче.
Тој посочи дека европските вредности не можат да се декларираат само со зборови, туку се потврдуваат со конкретни политики и реформи, а во случајов, власта не ги испорачува ниту едното, ниту другото.
„Добро што премиерот веќе јасно кажа дека не е за Европа. Очигледно е дека не сакаат да се случува ништо, а уште еден од индикаторите за тоа е неспроведувањето на реформската агенда. Само пола од препораките на оценската мисија за Закон за Судски Совет не се имплементирани. Нема реформите. Нема никаква иницијатива“, потенцираше Филипче.
Тој додаде дека изолацијата се манифестира и преку меѓународните форуми, каде што земјата не успева да обезбеди значајни средби и поддршка, што според него е јасен сигнал за нејзината маргинализација.
„Целосна изолација на земјата. Се виде изолацијата во Давос. Мицкоски немаше средба со ниту еден европски лидер“, рече Филипче.
Со ваквата политика, земјата се наоѓа во сериозна опасност да остане без поддршка и кредибилитет на европската сцена, а тоа ќе има директни последици за животниот стандард и перспективите на граѓаните.
Линк до видео 1:
Линк до видео 2:
