fbpx

Спасовски се сретна со семејства на загинатите бранители

Facebook
Twitter
LinkedIn

 

Соопштение за јавност

Денеска во Министертвото за внатрешни работи министерот Оливер Спасовски прими делегација составена од претставници на „Достоинство“ и родители на загинатите бранители во настаните во 2001 година. Од страна на претседателот на „Достоинство“, генералот Стојанче Ангелов. Министерот Спасовски беше детално информиран за постапките за обештетување што се воделе од страна на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди, при што беше истакнато дека за 12 семејства на загинатите бранители од МВР за сите овие години од страна на државата не постоел слух да им се излезе во пресрет, односно да бидат обештетени.

Министерот Спасовски истакна дека се работи за голема неправда кон овие семејства, кои освен што доживеаа голема семејна загуба, мораа да се соочат и со исцрпувачка правна битка со МВР. Министерот Спасовски изрази подготвеност максимално да се заложи, како човек и како министер, оваа неправда да биде исправена.

 

 

 

Последни вести