Соопштение за јавност
Очајно Никола Груевски се брани за изборните криминали што ги спроведувало злосторничкото здружение со него на чело.
Хаосот во избирачкиот список, фантомските гласачи впишани на една адреса биле привид за Никола Груевски.
Привиденијата на Никола Груевски всушност го покажуваат огромниот страв од соочување со одговорноста за сите изборни измами, за сите изборни грабежи.
На сите им е јасно дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори и дека го краделе правото на слободен глас на граѓаните.
На граѓаните им е јасно, ама очигледно и на Никола Груевски му е јасно дека секој што правел изборна измама и изборен криминал ќе одговара.
Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми.
Скопје, 10.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА