Соопштение за јавност
Поранешниот премиер, Никола Груевски, продолжува да живее во својот виртуелен свет, далеку од реалноста.
Катастрофалната состојба во којашто се наоѓаат патиштата во Македонија е последица на криминалното владеење токму на Никола Груевски и фамилијата.
Се потрошија 630 милиони за споменици а за 10 години Груевски и ВМРО-ДПМНЕ изградија само 7 километри автопат.
Груевски 10 години мислеше само на своето личното богатење и богатењето на фамилијата, на грбот на граѓаните.
Затоа заврши времето на Никола Груевски, следува одговорност за криминалното владеење.
Доаѓаат промени на слободни, фер и демократски избори.
Обновата на патната инфраструктура, изградбата на нови, современи, европски авто патишта во Македонија ќе ја направи новата Влада на СДСМ.
Скопје, 09.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА