fbpx

СДММ: Младите гледаат одлично, Никола Груевски треба да ги извади очилата од 60.000 долари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски денеска соопшти дека сака да го подобри видот на студентите.

Не е задоволен како студентите гледаат. Не е задоволен од нивната диоптрија.

Студентите, младите повеќе не веруваат во неговата виртуелна реалност. Затоа Груевски зборува за диотрија.

Еве, во прилог се фотографии штотуку добиени од студентските домови во Скопје, Стив Наумов и Гоце Делчев.

За Никола Груевски да ја види реалноста, за да ги види прокиснатите кровови и хорор услови во студентските домови, не му се потребни леќи. Груевски треба само да ги извади очилата од 60 илјади долари.

И во наводно реконструираниот дел на студентскиот дом Гоце Делчев, можеме да видиме како плафоните прокиснуваат од вчерашните дождови.

За 10 години Никола Груевски не изгради ниту еден нов студетски дом.

Влага и мувла. Тоа го остави за студентите Никола Груевски.

Иронија е Груевски, кој со полиција упадна во читалната Браќа Миладиновци да ветува нови читални.

Со референдумскиот пораз на Никола Груевски на следните слободни фер и демократски избори ќе види Груевски што е фестивал. Плоштадите, парковите, сите млади ќе ја слават победата на слободата, демократијата и европските вредности!

СДСМ во својата Програма има сериозни мерки за младите. Целосна реконструкција на постоечките студентски домови, кои ќе прераснат во современи студентски кампуси станува реалност по промените. Младинската гаранција ќе овозможи младите да излезат на пазарот на трудот или да продолжат со образованието, потпомогнати од државата.

Ќе градиме политики заедно со студентите, со младите – системски решенија кои ќе овозможат младите да останат дома, во сопствената држава.

Нема да се менува диоптерот на студентите, ќе се менуваат политиките, во интерес на младите, на студетнтите, на сите граѓани.

 

 

Последни вести