fbpx

Лекарите и граѓаните ставаат крај на политиките на смрт на Тодоров и Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Тодоров притиска други да го бранат додека го тресат редица скандали: недостиг на лекови и загрозени животи на Онкологија, на Кардиологија, смртта на малата Тамара!

Фрапирачкото писмо во коешто се препорачува клиничките конзилиуми да не даваат предлози за упатување во странство за да проработел Спиналниот центар, чија жртва е малата Тамара, е огледало на расипнички политики на Тодоров и Груевски.

Недостигот на цитостатици на позитивната листа на Онкологија и нелогичните процедури да се дојде до дијагноза, чија жртва се илјадници болни од рак, се огледало на расипнички политики на Тодоров и Груевски.

Недостаток на лекови на Кардиологија и заканите да не се дознае веста, чија жртва се стотици пациенти со оперирано срце, се огледало на расипнички политики на Тодоров и Груевски.

Никола Тодоров мора веднаш да прекине да се крие зад раководствата на клиниките поставени од неговата партија.

Раководствата на клиниките имаат обврска да ги штитат граѓаните и пациентите од кои примаат плата, а не да го бранат неодговорниот министер за здравство Никола Тодоров.

Животите на илјадници луѓе се засегнати од тендер политиките на Никола Тодоров и неодговорната власт на Никола Груевски.

Тоа што секојдневно има нови и нови совесни лекари, нови и нови медицински лица, нови и нови граѓани кои ги пријавуваат скандалозните случувања во здравството е најсилната порака за Тодоров и Груевски.

Лекарите и граѓаните ставаат крај на политиките на смрт на Тодоров и Груевски.

Малку е Никола Тодоров да даде оставка.
Ниедна реакција од ВМРО-ДПМНЕ повеќе не поминува.
Сите кои направиле злодела врз граѓаните и нивните соработници ќе одговараат.

 

Скопје, 07.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести