Соопштение за јавност
Поранешниот премиер Никола Груевски очигледно многу сака да живее во својот нереален, виртуелен свет, којшто секојдневно се прикажува на медиумите коишто ги уредува.
На тие медиуми од виртуелниот свет на Груевски, платени со пари на граѓаните, не може да се чуе вистината дека за 10 години, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ изградија само 7 километри автопат.
Никола Груевски и неговата банда за 10 години, ниту една секунда не помислија на граѓаните и нивните потреби.
Груевски не мислеше на патиштата, лошата инфраструктура во Македонија, ниту пак на граѓаните што во 21 век немаат фекална канализација. Затоа што се грижеше за своите лични интереси и бизнисот на фамилијата.
Човекот што си нарачуваше мерцедес од 600 илјади евра не мислеше на ништо друго освен на бизнис зделките на неговата фамилија, на братучедот Мијалков и кумот Ставрески.
Човекот со Мајбах очила од 60 илјади долари, не гледаше ништо друго освен парцели на Водно и милионски провизии од тендерите за споменици.
Затоа се потрошија 630 илјади евра за споменици а патиштата во Македонија останаа дупка до дупка.
Обновата на патната инфраструктура, изградбата на современи, европски автопатишта во Македонија ќе ја направи владата на СДСМ по победата на следните фер, демократски и слободни избори во Македонија.
Скопје, 07.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА