Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ го призна хаосот со избирачкиот список и побара што поскоро да биде прочистен.
Откако хаосот со избирачкиот список стана видлив во јавноста, хаосот во ВМРО-ДПМНЕ стана уште поголем.
Во едно исто соопштение од ВМРО-ДПМНЕ прво велат дека нема фантомски гласачи а потоа повикуваат ДИК и МВР „што поскоро да го прочистат избирачкиот список“.
После денешното признание на ВМРО-ДПМНЕ во врска со непрочистениот избирачки список потона уште едно лажно тврдење на владејачката партија дека се е во ред со овој список.
Во ВМРО-ДПМНЕ еден ден зборуваат едно, друг ден друго.
На 29.01.2016 година, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека неговата ВМРО-ДПМНЕ верува во исправноста и точноста на избирачкиот список и дека не постојат никакви фантомски гласачи (Линк: http://vmro-dpmne.org.mk/?p=29127).
Денеска, токму ВМРО-ДПМНЕ бара избирачкиот список што поскоро да биде прочистен.
Се’ тоне во ВМРО-ДПМНЕ! Тоа е највидливо од нивните хаотични, нереални ставови коишто ги менуваат секој ден.
Очигледна е паниката и нервозата во ВМРО-ДПМНЕ.
Но, бегање од одговорноста за изборните измами и криминалните избори нема да има.
Секој што го прекршил законот ќе одговара.
Скопје, 07.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА