Соопштение за јавност
Се потврди она што СДСМ го говори цели време, дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори, преку фантомски гласачи и злоупотреби на државните институции.
Jавноста секојдневно се запознава со тоа за каков хаотичен Избирачки список станува збор.
На една адреса во Скопје се запишани 112 лица, на друга 66, а на трета адреса има 33 лица запишани на иста адреса.
На една адреса во Ресен се запишани 34, на друга 24, а на трета 29 лица.
Големиот број на лица впишани на иста адреса, но и бројките на станари кај пратеници и министри од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека планот за изборна измама бил направен во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа Никола Груевски се уште се нема изјаснето која е неговата улога во злосторничкото здружение.
Молкот и бегањето од одговори нема да му помогнат на Никола Груевски ниту ќе го спасат од одговорноста.
Секој што учествувал во изборна измама мора да одговара согласно законите.
Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија.
Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми.