fbpx

Бандата на Груевски испумпа 5 милијарди евра од Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски заедно со Пеце Мирчевски, член на Извршниот одбор на СДСМ, денеска беа помеѓу граѓаните на Житоше и Лажани, општина Долнени.

Граѓаните бараат достоинствен живот, патишта, водовод и канализација, основни услови.

Не е нормално во 2016 година овие работи да ги нема, а притоа 630 милиони евра до сега Груевски и фамилијата имаат потрошено на споменици. Според меѓународни извори, за 10 години бандата на Груевски има испумпано 5 милијарди евра од државава. Тоа се по 500 милиони евра годишно. Со овие пари можеа да се отворат 120 илјади работни места. Затоа велиме кражбата ќе запре, а парите ќе ги вратат, до последен денар, рече Манчевски во Житоше.

Одам по работа во странство за да можам да ја гледам фамилијата, овде живеачка нема, рече еден од граѓаните во Лажани.

Груевски не го интересираат проблемите на граѓаните, тој овие 10 години единствено мислеше на мерцедесот од 600 илјади евра, матните бизнис зделки на братучедот Мијалков.

Затоа Груевски не сака слободни медиуми. Медиумскиот мрак му е потребен за одбрана на криминалот и корупцијата во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Манчевски.

На средбите во Житоше и Лажани Манчевски презентираше дел од мерките од Програмата на СДСМ.

СДСМ има конкретни мерки коишто ќе ги насочат парите кон граѓаните, ќе обезбедат достоинтвени плати и нови работни места. Земјоделските субвенции ќе ги зголемиме на 160 милиони евра годишно и тие ќе завршуваат кај вистинските земјоделци кога ќе им бидат најпотребни, истакна Манчевски.

 

 

Последни вести