Соопштение – телеграма со сочувство
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство до семејството на починатиот академик и познат скулптор, Томе Серафимовски.
„Изразувам искрено и длабоко сочувство за смртта на почитуваниот академик и познат скулптор Томе Серафимовски, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз.
Загубата е на семејството, но и на граѓаните и на Република Македонија.
Академик Серафимовски остави зад себе богатата ризница на скулптури, портрети, споменици, спомен-обележја, идејни решенија, други дела во Македонија, за коишто беше награден, но со коишто успешно ја промовираше и Република Македонија во регионот и светот.
Во моментите на болка, утеха нека биде неговото творештво коешто останува вечен спомен“.
Скопје, 03.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА