Соопштение за јавност
Ние немаме работа со политички неистомисленици, за да се бориме со економски предлози и планови, имаме работа со мафија, со неверојатен степен на криминал и корупција, посочува претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервјуто за неделникот Фокус.
„Се занимаваме со луѓе што се обидуваат да ја задушат демократијата, слободата на говор, целосно да ги контролираат медиумите, правосудството. Еден тоталитарен, автократски режим“, истакна Филипче.
Во интервјуто Филипче укажа дека политичките процеси во државата се под силно влијание на лица од поранешната власт.
„Човек во бегство, на Интерполова потерница, управува со нив од Будимпешта. За што зборуваме? Каква стратегија со банда?“, рече Филипче.
Притоа, Филипче нагласи дека антикорупцискиот тим на СДСМ, заедно со граѓаните, секојдневно открива сериозни злоупотреби на власта.
„Нашиот антикорупциски тим, заедно со граѓаните, откри повеќе од 100 милиони евра украдени пари од граѓаните на Македонија преку нивните тендерски шеми. Ќе се бориме да одговараат сите. Тоа е стратегијата и се промени од моментот кога сфативме дека тие не се ништо подобри од она против што се боревме пред 10 години, можеби се дури и полоши“, порача Филипче во интервјуто за неделникот Фокус.


