Мерки на тендер коалицијата: Наместо 2,5 денари намалување – поскапување за 7 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Повторно се покачија цените на горивата во земјава. Иако Христијан Мицкоски најавуваше поевтинување, наместо тоа, граѓаните добија ново поскапување од 7 денари по литар.

Уште една лага на Мицкоски која директно удира по џебот на граѓаните. Тоа се мерките на тендер коалицијата ВМРО/ЗНАМ. Граѓаните ги прават луди. Наместо намалување од 2,5 денари – поскапување од 7 денари.

Ова е второ сериозно покачување, а владата не презема никакви мерки за заштита на животниот стандард.

Поскапувањата на бензините ќе предизвика нов бран поскапувања – на храната, основните производи, па дури и на струјата. После цените на горивата и да се стабилзираат цените во маркетите ќе останат високи.

Само за една недела, граѓаните платија дополнителни 3 милиони евра. Со новото покачување, таа сума ќе достигне 4,5 милиони евра неделно – што е директен удар врз семејните буџети и економијата.

Додека земјите од регионот преземаат конкретни чекори за помош на граѓаните, кај нас власта молчи и се грижи само за сопствените бизнис интереси и тендери.

СДСМ подготви пакет законски решенија кои ќе ги достави во Собранието:

-Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%
-Намалување на акцизата за 4 денари
-0% ДДВ за основните прехранбени производи
-Преполовување на цените за патарините

Владата мора веднаш да реагира и да ги прифати овие мерки.

Граѓаните не можат повеќе да чекаат. Животниот стандард мора да се заштити веднаш.

Ова е веќе втор пат да нудиме решение! Не го прифаќаат, што значи дека тоа го прават намерно.