fbpx

Што демантира Слободaнка Гиевска?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Јасно е дека Слободанка Гошева Гиевска , ќерката на судиката во Уставниот суд, Елена Гошева, сака да побегне од своето минато, но тука СДСМ не може да и помогне.

Учеството во изборни манипулации за време на студетските избори на Универзитетот Кирил и Методиј во 2002 година се потврдени од медиумите.

Утрински весник во 2002 година пишува дека, цитираме, „Фамозната група составена од бодигардите и посочените “обезбедувачи” беше предводена лично од потпретседателот на УМС – Слободанка Гошева и извесен Орце Тодоровски“.

Фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и потврдени.

Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.

Сопруг на Слободанка Гошева Гиевска е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ.

Нејзиниот татко, Ѓорѓи Гошев, бил поранашен директор на Студетскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Слободанка Гошева Гиевска, била претседател на Пописна комисија во 2011 година. По само неколку дена се повлече, поднесе оставка заради тоа што се правени сериозени фалсификати.

Што од ова сака да демантираме Слободанка Гиевска?

 

Скопје, 28.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести