fbpx

Груевски во страв креира лажна патриотска кампања преку провладините медиуми

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Никола Груевски со денови се крие од јавноста а денеска, преку медиумите под негова контрола, платени со милиони евра пари на граѓаните, креираше лажна патриотска кампања.

Отворањето нови тензии и поделби помеѓу граѓаните, по етничка или политичка определба, е картата на којашто денеска сака да игра лажниот патриот Никола Груевски за да го прикрие стравот од фер и демократски избори.

Со кршење на Договорот од Пржино, со кочење на реформите за слободни медиуми и прочистувањето на Избирачкиот список, лажниот патриот Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ прават се, да ја втурнат Македонија во драматична криза.

Груевски сака да ја вовлече Македонија во сериозна меѓународна изолација и на тој начин да го штити криминалот и корупцијата на фамилијата.

Јасно е, Никола Груевски се плаши од слободни, фер и демократски избори затоа што знае дека ќе ги загуби.

Лажните патриотски кампањи нема да го спасат Никола Груевски од пораз и од одговорност за целокупниот криминал во изминатите 10 години.

Скопје, 23.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести