fbpx

Во Кривогаштани нема чиста вода за пиење, а во Скопје има панорамски тркала

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателката на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Татјана Прентовиќ денеска беше меѓу жителите во Кривогаштани, Пашиноруфци, и Обршани.

На средбите граѓаните се пожалија дека пречистителна станица во Кривогаштани не функционира и дека пијат нечиста вода.

-Со години бараме решение за овој проблем. Не може да има пари за панорамски тркала во центарот на Скопје а овде ние да пиеме нечиста вода, рече еден од граѓаните.

Во услови кога Груевски и фамилијата потрошија 630 милиони евра за споменици, бронза и мермер, само заради нивното лично богатење, овде немате чиста вода за пиење, нема прочистителна станица. Тоа мора да се промени. Само со дел од овие пари, со само 2,5 милиони евра се решаваат проблемите на едно вакво населено место, водовод, канализација, пат. По промените, потребите на граѓаните и создавањето на достоинствени услови за живот ќе бидат на прво место. Ќе се инвестира во здравството за граѓаните да добијат квалитетни и достапни здравствени услуги. СДСМ има мерки кои ќе бидат насочени кон бесплатно јавно здравство и ослободување од партиципација, потенцираше Прентовиќ.

Земјоделците во Пашиноруфци и Обршани беа револтирани бидејќи субвенциите ги добиваат луѓе блиски до власта, до Груевски и Мијалков.

Откако СДСМ ќе ја превземе одговорноста којашто ќе и ја дадат граѓаните субвенциите ќе бидат зголемени на 160 милиони евра. Субвенциите ќе се доделуваат на вистинските земјоделци, кога ќе ви бидат најпотребни. Ќе спроведеме ревизија на доделеното земјоделско земјиште за да се обезбеди праведна распределба на земјата за вистинските земјоделци, рече Прентовиќ на средбата со земјоделците.

 

 

Последни вести