fbpx

Кога лажеа Елизабета Канческа Милеска и Коце Трајановски?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Кога лажеа Елизабета Канческа Милеска и Коце Трајановски?

На прес конференцијата во март 2013 кога објавија дека според анализите на експерти од градежен факултет поради дотраеноста на објектот Универзална сала, не е возможна реконструкција и надоградба или денеска кога објавија дека Универзална сала ќе се реконстуира?

Коце и Канческа Милеска тогаш рекоа дека салата не може да издржи дополнителни зафати и не може да ја прифати тежината на нова челична реконструкција, па се промовираше новиот изглед според платено идејно решение на нов објект – јајце.

Сега после 3 години објавуваат дека ќе се врши реконструкција и надградба на Универзалната сала во Скопје.

Зошто тогаш беше доделена награда за идејно решение – јајце на фирмата СТОУН ДИЗАЈН и кој ќе ја надомести штетата?

Зошто се издвоија огромни 25 милиони денари, пари на граѓаните, за проектантска куќа за салата, за сега да објават дека нема да се гради туку надоградува?

Дали ќе се плаќа повторно за нов проект?

Зошто ВМРО-ДПМНЕ брзаше да со давањето имиња на салите кога тие сали сега не постојат и дали ќе се поништи и таа одлука?

Како е можно да има 36 милиони евра нова зграда на Народна банка, а да нема пари за нов објект на Универзална сала?

Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ ќе потрошат нови 50 милиони евра, пари на граѓаните за барокното лудило на Никола Груевски.

За Коце и Никола Груевски ништо не е важно. Важни се само тендерите и провизиите од споменици тешки 630 милиони евра.

Доаѓа крајот на криминалот и корупцијата.

Скопје, 18.02.2016 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести