fbpx

Николовски во Сопиште: По промените СДСМ ќе обезбеди бесплатно и достаппно здравство за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, заедно со членот на Извршниот одбор Сања Лукаревска денеска ги посетија жителите на Сопиште, Долно Соње, Чифлик, св.Петка, Држилово и Добри Дол.

Невработеноста, иселувањето, сиромаштијата се резултатот од погрешните политики на Груевски и фамилијата. Жителите на овој регион се пожалија за се потешките услови за живот, загрижени за сопствената и иднината на своите деца.

-Немаме работа, ниту пак добиваме некаква помош од државата. Се занимававме со производство на јајца, некои од нас со лозарство, со одгледување и на други култури, а денес мака мачиме да преживееме. Градоначалникот си шеташе тука со инспекторите и со прст посочуваше на кого да се пишуваат казни а на кого не. Зарем вака треба да функционираат органите во оваа држава. Го покрадоа народот, си ги наполнија џебовите, за нас баш им е гајле! Потрошија милиони за споменици, а во цела општина Сопиште има само една амбуланта за 13 населени места, се пожалија жителите на овој регион.

Ние ветуваме дека веднаш по промена на власта ќе ги зголемиме субвенциите на 160 милиони евра, ќе обезбедиме пониски производни трошоци преку поефтини и поквалитетни репроматеријали. Државата ќе доделува неповратни средства за отварање на нови погони, и најважно од се сигурност во производството, производителите редовно да се исплаќаат, возврати Николовски.

-Ветуваме отчетност и одговорност, правдата мора да биде достапна до сите. Потрошија 630 милиони евра на споменици, а со 20 милиони евра можеа да направат 80 нови, целосно опремени амбуланти за ваквите населени места како вашето. СДСМ има системски решенија за создавање на вистинско јавно здравство, со бесплатно лекување за сите и ослободување од партиципација, рече Николовски.

Николовски рече дека благодарение на погрешните политики на Никола Груевски годишно дури по 200 лекари си заминуваат од Македонија. Болниците не личат на места каде што се лекуваат пациенти, лекарите немаат соодветни услови и токму затоа се потребни сериозни промени во здравствениот систем.

На Република Македонија и се потребни промени. Промените доаѓаат на следните слободни, фер и демократски избори, рече Николовски.

 

 

Последни вести