Соопштение за јавност
После 10 години на потценување на домашните компании во однос на странските инвеститори Груевски и Ставрески наводно се сетија на домашните компании.
Токму Груевски и Ставрески ги натераа домашните инвеститори да ги селат своите бизниси во соседните земји заради погрешните економски политики коишто ги спроведуваат со години.
Резултатот со којшто може да се пофали Ставрески е дека со виртуелните политики во економијата го зголемил само извозот на соседните земји со тоа што ги избркал македонските компании од Македонија.
Граѓаните знаат дека токму Ставрески е човекот којшто најмногу ги излажа за виртуелни инвестиции и виртуелни вработувања.
Ставрески, кумот на Груевски лажеше за нови илјадници работни места во наводните инвестиции на криминалецот Субрата Рој.
Ставрески е човекот којшто им ја одзеде земјата на вистинските земјоделци во светиниколско и ја даде во рацете на криминалецот Субрата Рој.
Граѓаните знаат дека Ставрески е тој којшто сакаше и половина крајбрежје на Охридско езеро да го раздаде за криминалните зделки на овој светски познат криминалец.
Додека Ставрески и Груевски играа и потпевнуваа на индиска музика на скопскиот плоштад, во Македонија беа затворени повеќе од 10.000 домашни претпријатија.
Додека милиони евра пари на граѓаните Ставрески и Груевски фрлија во виртуелните инвестиции како субвенции, домашните фирми добиваа само 200.000 евра државна помош.
Странските инвеститори го напуштаат бродот што тоне и од таму е очајот со којшто Ставрески безуспешно се труди да зборува за нови инвеститори во ТИРЗ.
Вистинката грижа за домашните компании ќе дојде во моментот кога СДСМ ќе ја предводи новата одговорна власт којашто ќе инвестира до 50 милиони евра во развојот на домашните претпријатија.
Скопје, 17.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА