fbpx

Манчевски во Кичево: Уште едни криминални избори нема да има!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Граѓаните на Кичево, денеска, во голем број го пречекаа Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Во обраќањето пред кичевчани Манчевски рече дека криминалните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ доведоа до тоа граѓаните да немаат основни услови за живот, да живеат во сиромаштија, без работа, во услови кога се потрошија 630 милиони евра за споменици.

– Со 630 милиони евра ќе се отвореа 126 фабрики со над 100 илјади работни места. Така ќе ги задржевме младите во Македонија. Ама приоритет на Груевски овие 10 години беа криминалот и матните бизнис зделки на братучедот Мијалков и фамилијата. Но парите што ги однесоа во Белизе ќе ги вратат, до последен денар, рече Манчевски.

Жителите на Вранештица се пожалија на ниската социјална помош.

-Со 2.300 денари месечно не можеме сметките за струја и вода да ги платиме, а камоли за храна да имаме. СДСМ ни даваше 6.000 денари социјална помош, Груевски ја скрати повеќе од половина, велат револтирано жителите.

Манчевски истакна дека целта на СДСМ е да им обезбеди на граѓаните достоиствени услови за живот.

На средбите со граѓаните Манчевски разговараше и за актуелната политичка ситуација. Тој рече дека СДСМ нема да учествува и нема да дозволи уште едни криминални избори.

-Уште едни криминални избори нема да има. Без прочистување на Избирачкиот список и регулација на медиумите нема фер и демократски избори. Груевски се плаши од слободни избори бидејќи знае дека на тие избори ќе изгуби, ама тој веќе изгуби. Доста беше. Заврши времето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа време кога ќе одговараат за криминалот што го направија, потенцираше Манчевски.

Во Кичево и кичевско потпретседателот Манчевски беше придружуван од членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Сања Лукаревска и Виктор Петрушевски.

 

 

 

 

 

 

Последни вести