Соопштение за јавност
Се поголемата поддршка за СДСМ и лидерот Зоран Заев предизвикува страв и нервоза кај ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Како што вртоглаво се намалува поддршката од граѓаните за Никола Груевски така му се потребни се поголеми бројки во нарачаните анкети.
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја загубија поддршката од граѓаните.
Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во провладините медиуми, за три години.
Вистинската порака од граѓаните Никола Груевски ќе ја добие на изборите коишто ќе бидат фер, слободни и демократски.
Ниедна нарачана анкета нема да го спаси Никола Груевски од пораз и одговорност за целокупниот криминал и корупција во изминатите 10 години.
Скопје, 10.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА