fbpx

Два месеци молк за милионите на медиумските курири

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Поминаа два месеци дена откако СДСМ обелодени за приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република и приходите од 617.000 илјади евра на Радио Слободна Македонија.

Тоа се 3 милиони евра приходи кои овие три медиуми на Никола Груевски, Курир, Република и Радио слободна Македонија ги оствариле во последните 3 години.

И институциите 59 дена не даваат одговори за начинот на финансирање на куририте на Никола Груевски коишто вртат милионски суми на нивното салдо.

Дали со пари на граѓаните се плаќа креирањето на лажната реалност со цел да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и фамилијата?

Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај со по 40 денари на ден, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а фабриката за лаги и пропаганда на Никола Груевски врти 3 милиони евра. Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.

Граѓаните дознаа дека фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.

НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, а зад којашто лично стои братучедот на Груевски, Мијалков.

Вистината за Македонија ја откри поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Граѓаните дознаа дека сопственик на Прва Република ДООЕЛ е “Ирсине лимитед” од Белизе, познатиот даночен рај на фамилијата и Никола Груевски.Оваа фирма сопственик на Република се наоѓа на истата адреса со познатата компанија „Сирах лимитед“.

Вистината за Македонија откри дека Сирах лимитед е фирмата преку којашто Груевски доаѓаше до парцелите на Водно, за коишто нарачуваше промени на урбанистичките планови, потпорни бетонски ѕидови…

Затоа медиумите на братучедите Груевски и Мијалков 10 години шират невистини и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.

13 милиони евра пари на граѓаните завршиле за Сител, Канал 5 и Алфа.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми. Медиумската пропаганда во Македонија фамилијата сака ја користи за спас на сопствената кожа.

Ова е една од причините зошто не е можен фер и регуларен предизборен и изборен процес.

Скопје, 10.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести