Полесно до sdsm.org.mk
Од денес побрзо и полесно можете да дојдете до информациите на www.sdsm.org.mk. Извршен е целосен редизајн на официјалната интернет страница на СДСМ во насока на зголемување на прегледноста на информациите и функционалноста на елементите поставени на страницата.
Новиот www.sdsm.org.mk е целосно прилагоден на потребите на граѓаните, а за таа цел направени се следните усовршувања:
• Зголемена функционалност за подобрување на двонасочната комуникација со граѓаните
• Зголемена прегледност на најновите информации
• Респонзивен и модерен дизајн прилагоден за користење на сите интернет уреди (компјутери, таблети, мобилни телефони и слично)
• Подобра интеграција со социјалните мрежи
• Прегледен визуелен распоред на елементите
• Зголемена брзина на отворање на содржините поставени на страницата
• Најавите на изјави, прес конференции и други настани се јавно достапни и видливо позиционирани
На овој начин СДСМ уште еднаш потврди дека е одговорна партија способна во целост да одговори на потребите на граѓаните. Вистинските
информации поврзани со сите активности на СДСМ и коалицијата, граѓаните и понатаму ќе можат да ги добиваат целосно, брзо и одговорно.
Скопје, 05.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА