fbpx

Медиумите на Груевски молчат, а странските компании си заминуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Странски познати компании ја напуштаат Македонија.

Во медумскиот мрак Груевски истури 20 милиони евра народни пари за да меѓудругото ги лаже граѓаните дека Македонија е меѓу најдобрите земји во светот и Европа за водење бизнис.

Медиумите на Груевски молчат, а странските компании ја напуштаат Македонија.

Познатиот ланец на супермаркети Carrefour го затвори супермаркетот во Скопје Citymall оставајќи долгови кон домашните компании и банки.

Во Македонија владеат Undoingbussiness услови за работа и водење бизнис и доказ за тоа се токму ваквите заминувања од Македонија на светски познатите брендови како што е Carrefour.

Домашните бизниси го селат својот капитал во странство, а светски познатите комапнии ја напуштаат Македонија.

Само во виртуелниот свет на Никола Груевски Македонија е меѓу првите земји во светот по водење бизнис.

Резултат на промашените економски политики на Груевски се огромни долгови на сметка на домашните фирми и вработени оставени на улица без работа.

Ако беше Македонија земја рај за водење бизнис, како што лаже Груевски, Carrefour ќе отвореше повеќе супермаркети низ цела Македонија.

Но, Carrefour го затвори супермаркетот, оставајќи вработени на улица и долгови кон домашните компании.

Undoingbusiness условите за водење бизнис што Груевски ги создаде затворија 10 000 домашни фирми.

Undoingbusiness условите за водење бизнис ја оставија секоја трета фирма во Македонија со блокирана сметка.

Промашените економски политики на Груевски и Undoingbusiness условите за водење бизнис ги бркаат светски познатите компании од Македонија.

Скопје, 05.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести