Соопштение за јавност
“Остани храбар до крај, издржи, со тебе сме“ – овие зборови од граѓаните беа добредојде за претседателот Зоран Заев во делови од Центар и Карпош.
Таму претседателот на СДСМ беше синоќа заедно со членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Пеце Мирчески и Тања Прентовиќ и раководствата на општинските организациии.
-Не само што сум храбар туку оваа поддршка што ја гледам и чувствувам уште повеќе ме мотивира да сработиме до крај за чесни и фер избори и за добра иднина на нашата држава, а до целта сме, рече претседателот Заев.
Претседателот на СДСМ го соопшти категоричниот став на СДСМ и опозицијата дека се прифатливи само регуларни избори.
-2.600.000 евра власта префрлила на Сител, Канал 5 и Алфа само ден по кумановскиот инцидент. Овие телевизии објавуваа конструкции, лажеа, обвинуваа други, а јавноста слушна докази за поврзаност на високи владини функционери со случајот, изјави претседателот Заев.
Во населбата Лептокарија претседателот на СДСМ им соопшти на граѓаните дека постојат докази и за фантомски гласачи во Карпош.
-Овие два примера се потврда дека е неопходно да се прочисти Избирачкиот список и да се обезбедат услови за објективно известување на медиумите.
Граѓаните се интересираа што ако Груевски инсистира на избори на 24 април.
-Избори без опозицијата не може да има и нема да има. Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски. Волјата на граѓаните одлучува, а народот е на нозе и промените почнаа, рече претседателот Заев.
Претставниците на СДСМ разговараа со граѓаните и за секојдневните проблеми со кои се соочуваат. Пример е катната гаража кај Аутомакедонија којашто власта сака по секоја цена да биде таму и покрај тоа што просторот е тесен и пренатрупан и жителите се противат.
-Не ги почитуваат законите, менуваат детални урбанистички планови без согласност од граѓаните, за пари и тендери, за сопствени интереси. Затоа им се потребни медиумите, да им ги кријат криминалите. Ништо веќе не ги крие Груевски и неговите соработници, сите што работеле незаконски ќе одговараат, а парите ќе им ги вратат на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев при синоќешните посети на делови во Центар и Карпош.