Зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не му честитаа на Петер Маѓар и на новата демократска влада во Унгарија, кога велат дека Тиза им е „сестринска партија“?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо да му честитаат на Петер Маѓар и на Тиза партијата за историската победа и соборувањето на автократскиот режим на Орбан, Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ излегоа со напади врз СДСМ и Филипче затоа што ја поздравивме демократската промена во Унгарија.

Прашањето е сосема логично и директно:

Зошто вашата „сестринска партија“ Тиза не доби ниту една честитка од вас, ако навистина сте толку блиски?

Зошто молчите кога „вашите“ во Унгарија ја добија власта, а истовремено напаѓате дека некој друг ја честита победата?

Одговорот е повеќе од јасен.

Мицкоски и криминална ВМРО не ја поддржуваат Тизса.

Тие ја поддржуваат Орбановата автократска, корумпирана и антиевропска власт.

Токму затоа им е тешко да му честитаат на Петер Маѓар – човекот кој го собори режимот на Орбан по 16 години.

Тие не слават демократија и промена. Тие слават само кога на власт остануваат авторитарни структури кои ги штитат криминалните интереси.

Додека Тиза ја ослободува Унгарија од корупција и автократија, Мицкоски ја турка Македонија во истата изолација и ист модел на Орбан власт. Затоа и не може да ја поздрави промената – таа директно го загрозува неговиот модел на владеење.

СДСМ јасно стои на страната на демократијата, на Европа и на промената.

ВМРО-ОКГ јасно стои на страната на Орбан, на изолацијата и на зачувување на криминалните структури.

Граѓаните добро гледаат кој со кого се идентификува.

Демократија или автократија.

Европа или изолација.

Изборот е јасен.