fbpx

По ножиците на Груевски, скратени егзистенции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека Груевски секој ден зборува за виртуелни инвестиции, во реалноста секој ден работници остануваат на улица без работа, или без плати.

Според последните информации, вработените во руската фармацевстката компанија ПРОДИС десет месеци немаат земено плата.

Компанијата имала и огромни долгови кон голем број домашни компании.

Директорот на комапнијата се пожали на лоша финансиска состојба, запрено производството, магацини полни со неизвезени чаеви и хомеопатски лекови.

Од исечените ленти и најавената милионска инвестиција во Бунарџик на Груевски и Пешевски, нивните ветувања за 100-тина вработени, реалност се само работниците без плата и милионските долгови што ги направила компанијата.

Денес кога Груевски се шета каде ќе стигне и ветува што ќе стигне, како што самиот најави дека ќе си го поминува слободното време, би било добро повторно да се појави пред ПРОДИС и овој пат да им каже на работниците и на јавноста, што се случи и со оваа негова виртуелна инвестиција.

Дали и фармацевстката компанија ПРОДИС си заминува од Македонија?

Граѓаните знаат колку вакви проекции на Груевски видоа и знаат дека после сите црвени ленти и ножици на Груевски, исечена е единствено нивната егзистенција.

1.000 рудари останаа на улица, без работа, откако индиската компанија Индо Минерали и Метали прогласи стечај и си замина од рудниците Тораница и Добрево.

50 вработени од турската компанија Улак амбалаж останаа на улица откако странската инвестиција прогласи стечај и замина.

Меѓу компаниите коишто ја напуштија Македонија е и Џонсонс Контролс за којашто Комисијата за заштита на конкуренцијата се сомнева и истражува дали компанијата направила злоупотреби на парите што ги добила на име државна помош.
Искуството покажува дека виртуелните инвестиции на Груевски заминуваат од Македонија откако ќе ја искористат државната помош, односно парите на граѓаните што им ги дава власта на Груевски.

Бидејки вистината е како шило, дали и што имала од ова власта на Никола Груевски ќе излезе на виделина.

Вистината за Македонија покажа склоност кон милионски провизии на фамилијата на власт.

 

Скопје, 26.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести