Левица не е поканета- во Фронтот на вистината и правдата нема место за сателити на ВМРО-ОКГ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Левица денеска јасно покажа дека ја презема улогата на распаднатиот ЗНАМ, 2.0 – да служи како приврзок на криминалната група ВМРО и да ја напаѓа СДСМ кога Мицкоски нема одговори за Реформската агенда.

Фронтот на вистината и правдата не е повик за сателити на ВМРО.

Фронтот има задача да ги обедини слободните граѓани, поединци, невладиниот сектор и слободните демократски политички партии.

Не е тоа повик за проекти финансирани и креирани од Мицкоски за да глумат опозиција, а во исто време да гласаат за законите на ВМРО.

Левица е анти-ЕУ партија во земја кандидат за ЕУ, во која 77% од граѓаните се за ЕУ интеграции.
Анти-НАТО партија во земја која е горда членка на НАТО и во која 72% од граѓаните го поддржуваат НАТО.

Руска партија во земја во која САД се стратешки партнер.

За што служи Левица? За ништо!

Единствената улога на Левица е да ја напаѓа СДСМ откако криминалната влада на ВМРО заглави со реформите.

Кога останаа уште само 13 дена до неисполнување на ветувањето на Мицкоски дека ќе ги исполни сите 10 точки од Реформската агенда, пушти свои сателити „спијачи“.

Мицкоски, откако како Вучиќ управува со ВМРО, го направи ЗНАМ, Левица и Саша Богдановиќ со Српска лига.

Тука е и стариот Стоилковиќ, соработник на службата, како офицер за врска со СНС.

Мицкоски прави, по истиот copy-paste модел, свои сателити за да ги разединува и да ги мами гласачите на опозицијата.

Левица е исто што и „Покрет социјалиста“ во Србија – како што Вучиќ го има Александар Вулин, така и Мицкоски има негова копија во Македонија.

Иста приказна, друго пакување.

Вулин до неодамна го управуваше и финансираше ЗНАМ во договор со Максим Димитриевски.

Познати се состаноците на Максим со Вулин уште кога Вулин беше директор на српската служба БИА, на кои присуствуваа и претставници на Алта банка.

Сега, кога ЗНАМ целосно се распадна, Мицкоски ја вади од резервната клупа својата втора опција за нечиста кампања – Левица, ЗНАМ 2.0.

Граѓаните сега јасно гледаат: единствената конструктивна и независна опозиција е СДСМ и делот што се собира околу идејата за Фронтот на вистината и правдата.

Максим Димитриевски, бугарски стопанственик, веќе не може да ги лаже своите гласачи.

Не може повеќе ни своите членови кои секојдневно го напуштаат здружението.

Тендер-коалицијата се распаѓа.

Нема повеќе лаги за реформи. Економската криза станува се посилна. Дури ни Латас и Ивона повеќе не можат да им ги мачкаат очите на граѓаните.

Доаѓа времето на вистината, а потоа и на правдата!

Реформи сега. Правда сега. Европа сега.