fbpx

Каде завршуваат парите на вистинските земјоделци ?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Фамозната и контроверзна Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој односно позната како платежна агенција и понатаму молчи. Ниту одговара на нашите писмени барања ниту одговара пред јавноста.

На директорката треба да и е јасно дека времето на молк и самоволие помина, а под транспарентност се подразбира граѓаните да знаат каде завршуваат стотици милиони евра земјоделски субвенции од буџетот на Република Македонија.

Директорката мора да одговори, дали и колку земјоделски субвенции добиваат луѓе блиски на Груевски, пратеници, функционери, новопечени богаташи и тајкуни, новинари и платеници.

Колку буџетски пари легнале на сметките на ЗК ПЕЛАГОНИЈА на Орце Камчев, фирмата ДУШАН ЌИРИЌ на Кире Шошев, ЗЕМСИЛ- фирма ќерка на СИЛЕКС, пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Весна Пемова, пратеникот Крсто Муковски преку фирмата АТРИУМ заедно со фирмата ВИА ВИНАРИЈА на шефицата на кабинетот на Трајко Вељановски, Сања Угриновска Спасеновска како и таканаречените лидери на земјоделците Вељо Тантаров, Никола Стаменов, Данчо Милевски и Ефтим Шаклев.

Колку пари од сите граѓани на Република Македонија имаат земено фирмите на луѓето блиски на Никола Груевски, како водителот Миленко Неделковски.

Граѓаните мора да знаат како се потрошени нивните пари. Граѓаните ќе ја дознаат вистината.

Секој што ќе се обиде да ја сокрие вистината ќе одговара.

Секој што се огрешил пред законот мора да одговара.

Македонија се менува. Промените доаѓаат!

Скопје, 31.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести