Соопштение за јавност
На кој начин провладината „Република“ се стекнала со приходи од над 1,1 милион евра? Со денови молк, нема одговори.
Транспарентноста, непристрасноста и објективноста се клучни професионални и етички новинарски стандарди.
Зошто и „Република“, како и „Курир“, молчи за милионските приходи?
Според официјалните документи на Централен регистар за период од три години неделникот „Република“, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1 милиони евра.
“Република” и останатите медиумски курири на уредникот Никола Груевски не кажуваат од каде им се милионите на нивните сметки.
Ако се има предвид дека приходот на „Курир“ изнесува 1,3 милиони евра тогаш само овие два провладини медиуми оствариле приход од над 2,4 милиони евра!
Кои други портали имаат милиони на своите сметки и што се крие зад милионските приходи на провладините медиуми?
Никола Груевски и фамилијата преку пропаганда на медиумските курири се обидуваат да го сокријат криминалот и корупцијата во последните 10 години.
Jавноста со денови очекува одговори како „Република“ се стекнала со милионските приходи?
Скопје, 29.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА