fbpx

Груевски се плаши од соочување со одговрноста за криминалот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Никола Груевски е во страв и паника од соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 10 години.

Проектот „Вистината за Македонија“ покажа дека во криминал до гуша е фатен токму Никола Груевски, заедно со братучедот Сашо Мијалков и соработниците.

Затоа, единствени коишто го кршат Договорот од Пржино и коишто применуваат татика на одолговлекување се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Никола Груевски побегна од граѓаните и бараше зад затворени врати да сведочи во Анкетната комисија.

Затоа најголем кошмар за Никола Груевски е Специјалното јавно обвинителство, Анкетната комисија, истрагите коишто се водат.

СДСМ е подготвен да ја исполни законската обврска за доставување на материјалите од незаконското следење на комуникациите. Впрочем, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија секогаш ги исполнува превземените обврски, во интерес на граѓаните и во интерес на Република Македонија.

СДСМ очекува од сите страни да ги исполнат превземените обврски и Договорот од Пржино да се реализира во целост.

Имеператив на Договорт од Пржино е кристално чист изборен и предизборен процес.

Македонија тргна по незапирлив пат на промени и промените ќе се случат. Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Македонија знае: збогум Никола!

Скопје, 28.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести