fbpx

Фабриките за барок на Груевски ја качуваат цената на струјата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За време на 10 годишниот мандат на Никола Груевски струјата поскапе 100 проценти!

Струјата што ја плаќаат граѓаните поскапува поради зголемениот увозот на скапа струја.

Македонија увезува струја затоа што нема домашно производство.

РЕК Битола е постојано во колапс. Ниеден друг енергетски капацитет не работи освен државната компанија ЕЛЕМ којашто гради барокни фасади и пешачки патеки наместо да вложува во енергетскиот систем.

Фабриките за барок на Груевски ја качуваат цената на струјата.

Од фабриките за барок на Груевски 80 проценти од граѓаните се во енергетска сиромаштија.

И по 100 процентното качување на струјата, Груевски најавува 100 денари помош за овие граѓани и изградба на мали хидроцентрали, чијашто бројка не е ни половина од неговите виртуелни ветувања.

Како тоа да беше малку, па власта на Груевски ја укина и ефтината тарифа на струјата.

СДСМ ќе ја врати ефтината тарифа на струјата.

Ќе преземеме крупни инвестициски чекори за ефикасна работа на ТЕЦ Неготино, на РЕК Битола, на ТЕЦ Осломеј.

Природниот гас ќе биде достапен во цела Македонија, како ефтин и еколошки енергенс.

Ќе воведеме реални субвенции за домакинствата кои ќе го користат сонцето како извор на енергија.

Новите ветувања на Груевски се за јануари и февруари кога тој повеќе нема да биде премиер.

Сфати и Груевски, за граѓаните е можен живот во Македонија само ако тој не е премиер.

Збогум Никола!

28.12.2015, Скопје

Последни вести