fbpx

СДММ: Желбите на граѓаните, наша заложба за 2016

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сакам да дишам чист воздух, да престанат да се сечат дрвја!
Младите да останат тука!
Здравство во кое нема да умираат здравите!
Вистинско бесплатно образование!
Образование без купени дипломи!
Затвор за криминалците!

Ова се само дел од желбите, пораките кои ги пишуваа граѓаните на новогодишната елка во Карпош (на платото кај “Млечен”) поставена од СДММ Карпош.

На активноста присуствуваше и Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ, кој во неформалните разговори со граѓаните посочи дека времето на оваа власт е завршено, а СДСМ ја превзема обврската Македонија повторно да ја врати во нормала.

Сите напишани желби и пораки се наша заложба за во 2016 навистина да свртиме нова страница. 2016 ќе биде година на демократски промени, департизација на општеството, коренити промени во образованието и здравството. Младите и решавањето на младинските проблеми ќе бидат приоритет.

2016 е година на Збогум Никола!

 

 

 

Последни вести