fbpx

Кирацовски на трибина со административните службеници во Струга

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Заменикот министер во министерството за информатичко општество и администрација, м-р Александар Кирацовски, вчера (25.12.2015 – петок) во хотел „Дрим“ – Струга, одржа трибина со наслов: „Предизвиците и проблемите на јавната администрација во Република Македонија“.

На трибината присуствуваа административни службеници и вработени во јавниот сектор, изразувајќи ги секојдневните тешкотии со кои се соочуваат на работното место, демотивираноста, политичките притисоци и „гушењето“ кое доаѓа од новиот закон за административни службеници, донесен од оваа власт, особено во делот на грубото оценување.

Присутните дадоа свои предлози за подобрување на квалитетот на административното работење, зголемување на ефикасноста и ефективноста, како и сугестии за промена на постоечкото законско решение.

Заменикот Кирацовски ја изрази својата подготвеност за поддршка на административните службеници и вработените во јавниот сектор, ставајќи се на нивна услуга и обврзувајќи се дека во најскоро време ќе излезе со предлог закон за укинување на овој модел на оценување во администрацијата, како и други предлози за измена на законските одредби кои ја комплицираат нивната работа.

 

 

Последни вести