fbpx

Николовски: Земјата мора да се врати во рацете на вистинските земјоделци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, вчера оствари средби со жителите на Црнилиште, Мустафино и Амзибегово.

Земјоделците во овчеполието се пожалија за скапото производство, нерешениот пласман, ниските откупни на земјоделските производи. Главниот проблем со којшто се соочуваат земјоделците од овој крај е немањето доволно земја за обработка.

Револтот е насочен кон неправедната поделбата на државната земјоделска земја којашто е во рацете на неколку луѓе блиски на власта и Никола Груевски. Земјоделците кажуваат дека овие луѓе блиски до власта земјата ја користат само за субвенции без притоа да ја обработуваат.

Земјоделците го посочија и примерот со случајот Џумајлија и Субрата Рој поради што 5000 ха четири години по ред стојат напуштени.

 

Скопје, 21.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести