fbpx

За намалување на загадувањето веднаш да се спроведат мерките на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните на Македонија буквално се гушат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени ПМ 10 честички.

Во Тетово повторно загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките изнесува фрапантни 12 пати над дозволеното. Во Скопје и Битола високата концетрација на штетните и канцерогени честитки изнесува 9, односно 8 пати над дозволената граница, додека во Кичево речиси 7 и пол пати.

Амбулантите се преполни со болни деца и возрасни граѓани поради проблеми со дишните патишта.

Во Македонија има дури 1.350 смртни случаи поради загаден воздух а Никола Груевски цели 10 години не превзема ништо, мисли само на богатењето на фамилијата.

СДСМ има конкретни мерки за намалување на загаденоста и бараме веднаш да се спроведат:

– Да се воведе субвенција за јавниот градски превоз која ќе важи за сите во зимските месеци.

– Да се вклучат што поголем број домаќинства на системите на централно греење во сите поголеми градови, каде загаденоста е на високо ниво, и тоа да биде субвенционирано од страна на Владата.

– Наместо тајно и преку ноќ да се атакува на последните дрвја што се обидуваат да ни дадат малку кислород, градот Скопје итно да забрани сеча на постојните дрва и да започне со санирање на сите уништени зелени површини.

– Да се воведат грантови за инсталирани соларни панели, грантови за изолација на објекти и инсталација на енергетски ефикасни апарати.

– Да се прераспределат средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите на Буџетот, со која тројно ќе се зголемат средствата во Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на заштита на животната средина

Само со сериозен и одговорен пристап може да се променат работите во инетерс на граѓаните.

На граѓаните им треба чист воздух, а не валкани политики.

Збогум Никола!

 

Скопје, 20.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести