Соопштение за јавноста
Катастрофалните политики на Груевски и Тодоров создадоа хаос во здравството и доведоа до тоа во Македонија, во 21 век, да умираат родилки и бебиња.
Тодоров не им објасни на беровските семејства зошто им умираат бебиња во 21 век.
Берово е втор град во Македонија по смртност на новороденчиња! Во Берово умираат повеќе од 22 бебиња на 1.000 живородени!
Сакајќи да избега од ова Тодоров во Берово решил да зборува за виртуелни, лажни вработувања.
Во реалноста, и од Берово се иселуваат младите поради погрешните политики на Никола Груевски кој 10 години мисли само на бизнисите на фамилијата и братучедот Мијалков.
Граѓаните на Берово ја делат тешката судбина со цела источна Македонија. Од секое семејство во Малешевијата има по најмалку еден член којшто заминал во Италија, Германија, и многу други земји.
Последниот пример во Берово се 50 нови граѓани на улица, без работа, поради затворањето на турската инвестиција УЛАК Амбалаж.
Помпезно најавена од Никола Груевски како почетна инвестиција од 1.5 милиони евра во Берово, од 20 ноември годинава УЛАК Амбалаж е во судска процедура на стечај!
Граѓаните се без работа и затоа спасот во гледаат надвор од државата. Криминалното владеење на Никола Груевски и фамилијата, корупцијата во изминатие години ги избрка од Македонија и граѓаните и инвеститорите!
Затоа граѓаните имаат заедничка идеја: збогум Никола и збогум на твоето корумпирано друштво!
Скопје, 19.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА