fbpx

Богатењето на фамилијата ја исели Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Огромната невработеност во Република Македонија не може да се покрие со нереално прикажување и манипулирање со статистичките податоци.

Иселувањето од Македонија не значи решавање на проблемот со невработеноста. Напротив.

Релевантни меѓународни извештаи покажуваат огромно иселување на граѓаните од Македонија.

Според Светска банка поради погрешните „дил-ориентед“ полиики на Никола Груевски 626.312 граѓани си заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Тоа е една четвртина (1/4) од вкупното население во Македонија, што е фрапантен податок којшто најдиректно ја покажува манипулацијата со степенот на вработени, односно невработени што се обидува да ја направи Никола Груевски пред заминување.

Во услови кога не е спроведен попис во Република Македонија, податоците на Државниот завод на статистика за невработеноста се нерелевантни, затоа што анкетата, односно методологијата се базира на податоци од попис.

Ако ¼ од населението е иселено од државата, на оваа анкета што ја спроведува Државниот завод за статистика треба да се додаде соодветен голем процент. Значи во реалноста, невработеноста во Македонија е многу поголема од 32%.

Тоа граѓаните најдобро го знаат.

Од секое семејство во Република Македонија има по најмалку еден член што заминал во Италија, Германија, Америка, Австралија, и многу други земји, заради невработеност.

Додека Никола Груевски, без резултат и без идеи, се обидува да манипура во јавноста секоја фамилијата во Македонија се прашува каде им се сега децата, внуците, браќата, сестрите, роднините…

Милионските провизии, сомнителни тендери, криминалот и корупцијата на Никола Груевски, братучедот Сашо Мијалков, кумот Ставрески и фамилијата им ги украде работните места на граѓаните на Македонија.

За фамилијата да се богати, 626.312 илјади граѓани беа принудени да заминат од родната земја, да се одвојат од своите семејства.

Затоа Македонија има идеја: збогум Никола!

Скопје, 15.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести